[go: nahoru, domu]

Прејди на содржината

Бутан (гас): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
с Бутан преместена како Бутан (гас): Поради разјаснуавње
(нема разлика)

Преработка од 13:09, 5 јануари 2009

За државата во Азија со истото име, видете Бутан (држава).
Скелетна формула на бутанот.
Просторен модел на бутанот.

Бутанот, исто така познат и како n-бутан, е неразгранет алкан со четири јаглеродни атоми. Неговата хемиска формула е CH3CH2CH2CH3. Зборот бутан се користи и како збирен поим за n-бутан заедно со својот единствен изомер - изобутан (нарекуван и метилпропан) кој има формула CH(CH3)3.

Бутанските гасови се високо запаливи, безбојни и безмирисни, и можат лесно да се втечнат. Името бутан доаѓа од зборовите бут- (од бутерна киселина) и карактеристичната наставка за сите алкани, -ан.

Реакции и употреба

Во услови на изобилство од кислород, бутанот согорува и дава јаглерод диоксид и водна пареа; а кога кислородот е во ограничени количини, може да се формира и јаглерод моноксид.

2 C4H10 + 13 O2 → 8 CO2 + 10 H2O

n-бутанот е основен супстрат за Ду Понтовиот каталитички процес за подготовка на малеичен анхидрид:

2 CH3CH2CH2CH3 + 7 O2 → 2 C2H2(CO)2O + 8 H2O

n-бутанот, како и сите други јаглеводороди, подлежи на слободна радикалска хлоринација при што се добиваат 1-хлоро и 2-хлоробутани, како и некои други високохлорирани деривати.

Бутанскиот гас се продава во боци како гориво за готвење и кампување. Кога ќе се помеша со пропан или други јаглеводороди, тој се нарекува и втечнат нафтен гас (Liquified petroleum gas, LPG). Тој исто така се употребува и како состојка во бензинот, во запалките за цигари, како и во дезодорансите.

Многу чистите форми на бутанот, особено изобутанот, може да се користат како гасови за ладење во ладилниците, со што ги заменуваат многу штетните за озонската обвивка халометани.