Бутан (гас): Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Менува: hr:Butan (plin) |
с Бот Додава: fa:بوتان (گاز) |
||
Ред 40: | Ред 40: | ||
[[es:Butano]] |
[[es:Butano]] |
||
[[et:Butaan]] |
[[et:Butaan]] |
||
[[fa:بوتان (گاز)]] |
|||
[[fi:Butaani]] |
[[fi:Butaani]] |
||
[[fr:Butane]] |
[[fr:Butane]] |
Преработка од 22:00, 9 мај 2009
- За државата во Азија со истото име, видете Бутан (држава).
Бутанот, претставува алкан со четири јаглеродни атоми. Неговата хемиска формула е CH3CH2CH2CH3. Постојат два изомери на ова соединение: n-бутан, како и изобутан (чиј системски назив е метилпропан) кој има формула CH(CH3)3.
Ова соединение е високо запаливо, безбојно, нема мирис и под притисок може лесно да премине во течна агрегатна состојва. Името бутан доаѓа од зборовите бут- (од бутерна киселина) и карактеристичната наставка за сите алкани, -ан.
-
n-бутан
-
Изобутан
Реакции и употреба
Во услови на изобилство од кислород, бутанот согорува до јаглерод диоксид и водна пареа. Доколку кислородот е во ограничени количини, може да согори до јаглерод моноксид и вода.
- 2 C4H10 + 13 O2 → 8 CO2 + 10 H2O
n-бутанот е основен супстрат за Ду Понтовиот каталитички процес за подготовка на малеичен анхидрид:
- 2 CH3CH2CH2CH3 + 7 O2 → 2 C2H2(CO)2O + 8 H2O
n-бутанот, како и сите други јаглеводороди, подлежи на слободна радикалска хлоринација при што се добиваат 1-хлоро и 2-хлоробутани, како и некои други поликохлорирани деривати.
Бутанот (најчесто во смеса со пропан) се продава во боци како гориво за домаќинството. Кога ќе се помеша со пропан или други јаглеводороди, тој се нарекува и втечнат нафтен гас (Liquified petroleum gas, LPG). Тој исто така се употребува и како состојка во бензинот, во запалките за цигари, како и во дезодорансите како гас за истиснување.
Многу чистите форми на бутанот, особено изобутанот, може да се користат како гасови за ладење во ладилниците, со што ги заменуваат многу штетните за озонската обвивка хлорофлуоро јаглеводородии.