[go: nahoru, domu]

Прејди на содржината

Втора Шпанска Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 01:20, 2 мај 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎top: Додадена категорија)
Втора Шпанска република
República Española
1931–1939
Flag of Шпанија
Flag
Coat of arms of Шпанија
Coat of arms
Motto: "Plus Ultra"  (Latin)
"Further Beyond"
Химна: El Himno de Riego
Location of Шпанија
Главен градМадрид
Говорени јазициШпански
УредувањеРепублика
Претседател 
• 1931–1936
Нисето Алкала Самора
• 1936–1939
Мануел Азана
LegislatureCongress of Deputies
Историја 
14 април 1931
• Шпанска граѓанска војна
1936–1939
• Барање егзил
15 јули 1939
ВалутаШпанска песета
Претходници
Наследници
Шпанска реставрација
Spanish State

Втората Шпанска република (1931-1939) (шпански: Segunda República Española) е вториот случај од историјата на Шпанија кога формата на државно управување се променила по избори. Првиот таков случај бил во периодот од 1873 до 1874 година, кога опстојувала Првата Шпанска република.

Втората Шпанска република била основана на 14 април 1931 година по поразот на Алфонсо XIII од Шпанија на локалните избори и неговата абдикација. По прогонот на кралот била формирана привремена влада на чело со Нисето Алкала Самора и истата се задржила до 9 декември 1931 година кога бил донесен новиот Устав. Со Шпанија во тој период раководела републиканско-социјалистичката партија на Мануел Асанар.

Прв претседател (1931-1936) на оваа република станал Нисето Алкала Самора. Баскија и Каталонија ја објавиле својата независност, но истата не ја добиле. На изборите во 1933 година, на власт дошол радикалот Алехандро Лерукс, но во парламентот имал поддршка од страна на ИКНД, десничарска партија раководена од страна на Хозе Марија Хил Роблес. Кога во власта влегле трите министри од ИКНД на 1 октомври 1934 година, во Астурија и Каталонија избувнале востанија на социјалистите и анархистите.

Создавањето на народен фронт им овозможило на левицата на изборите од 16 февруари 1936 година да ја зазеде власта. Така, вториот претседател на републиката станал Мануел Асанар.

Но, републиката била вовлечена во голема криза кога генералот Франсиско Франко извршил воен преврат со кое го означил почетокот на Шпанската граѓанска војна. Републиканските сили успеале да се задржат на власт до 1 април 1939 година, кога генералот Франко успеал да го заземе Мадрид со помош на т.н. Петта колона.