[go: nahoru, domu]

Прејди на содржината

Катин (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

„Катин“ (полски: Katyń) – филм на режисерот Анджеј Вајда (Andrzej Wajda) од 2007 година. Автори на сценариото се Вајда, Владислав Пашиковски (Władysław Pasikowski) и Пшемислав Новаковски (Przemysław Nowakowski), а главните улоги ги играат: Артур Жмијевски (Artur Żmijewski), Маја Осташевска (Maja Ostaszewska), Маја Коморовска (Maja Komorowska) и Владислав Ковалски (Władysław Kowalski). Филмот е заснован врз романот „Катин“ (Katyń) на Анджеј Муларчик, а на 80. доделување на наградите „Оскар“ бил номиниран во категоријата најдобар странски филм.[1]

Синопсис

На почетокот на Втората светска војна, по германскиот напад на Полска, на 17 септември 1939 година, Црвената армија влегува во источниот дел на Полска, а сите полски офицери завршуваат како советски заробеници. Ана го чека враќањето на својот сопруг, кој е капетан во уланскиот полк, но пристигнуваат докази дека тој е убиен. Во април 1943 година, жената на еден полски генерал дознава како е убиен нејзиниот сопруг, откако германската војска ја открива масовната гробница на полските офицери во Катинската шума.

Наводи