[go: nahoru, domu]

Прејди на содржината

Паул Валот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 12:00, 23 јануари 2024; направена од Тиверополник (разговор | придонеси) (#1Lib1Ref #1Lib1RefCEE)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Паул Валот во своето ателје

Паул Валот (гер. Paul Wallot), (26 јуни 1841, Опенхајм на Рајна[1] - 10 август 1912, Бад Швалбах) бил германски архитект од хугенотско потекло, најпознат како архитект на зградата на Рајхстагот во Берлин подигната помеѓу 1884 и 1894 г. Негово дело е и ближната Палата на претседателот на Рајхстагот, завршена во 1904, и поранешното Собрание на Саксонија (Ständehaus) во 1906 на Бриловата тераса во Дрезден.

  1. Ulrike Glatz, Joachim Glatz: „… in einer steinernen Urkunde lesen“: Geschichts- und Erinnerungsorte in Rheinland-Pfalz. Nünnerich-Asmus Verlag, Mainz 2013, ISBN 978-3-943904-21-5 ([1] при Гугл книги).