Група (периоден систем)
Група или семејство — поим во хемијата кој означува колона од периодниот систем на елементите. Постојат 18 вакви групи означени со бројка, освен колоните на f-блокот (меѓу група 2 и 3). Елементите во една група имаат слични физички и хемиски особености на најнадворешните електронски обвивки на нивните атоми (т.е. имаат ист јадрен полнеж), со оглед на тоа што највеќето хемиски својства ги одредува орбиталната положба на најнадворешниот електрон.
Постојат три начини на означување на групите. Современиот начин на бележење (група 1-18) е препорачан од Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (МСЧПХ или IUPAC) и претставува замена за две постари шеми кои предизвикуваат забуни. Групите може да се означуваат и според нивниот најгорен елемент, или пак да имаат сопствен назив. На пример, групата 16 се нарекува и кислородна група или халкогени. во 1989 г. како појдовен е земен долгиот облик на периодниот систем[1] со препорака да се користат арапските бројки од 1 до 18.
Групи
[уреди | уреди извор]Нов назив (МСЧПХ) |
По старо (МСЧПХ) (Европа) |
CAS (САД) |
Називи според елементи | Тривијален назив (*=одобрен од МСЧПХ) |
Белешка |
---|---|---|---|---|---|
Група 1 | IA | IA | литиумско семејство | алкални метали* | Водородот ѝ припаѓа на оваа колона, но не се смета за алкален метал |
Група 2 | IIA | IIA | берилиумско семејство | земноалкални метали* | |
Група 3 | IIIA | IIIB | скандиумско семејство | Се состои од реткоземните елементи и актиноидите | |
Група 4 | IVA | IVB | титанско семејство | ||
Група 5 | VA | VB | ванадиумско семејство | ||
Група 6 | VIA | VIB | хромно семејство | ||
Група 7 | VIIA | VIIB | манганово семејство | ||
Група 8 | VIII | VIIIB | железно семејство | ||
Група 9 | VIII | VIIIB | кобалтно семејство | ||
Група 10 | VIII | VIIIB | никлено семејство | ||
Група 11 | IB | IB | бакарно семејство | монетни метали | |
Група 12 | IIB | IIB | цинково семејство | испарливи метали | |
Група 13 | IIIB | IIIA | борово семејство | триели, икосагени | триели = „третници“ |
Група 14 | IVB | IVA | јаглеродно семејство | тетрели, кристалогени | тетрели = „четвртници“ |
Група 15 | VB | VA | азотно семејство | пниктогени* | |
Група 16 | VIB | VIA | кислородно семејство | халкогени* | |
Група 17 | VIIB | VIIA | флуорно семејство | халогени* | |
Група 18 | Група 0 | VIIIA | хелиумско или неонско семејство | благородни гасови*, аерогени |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Сайфуллин Р.С., Сайфуллин А.Р. Новая таблица Менделеева // Химия и жизнь.— 2003.— № 12.— С. 14—17.
Литература
[уреди | уреди извор]- Scerri, E. R. (2007). The periodic table, its story and its significance. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-530573-9.