Олимписки стадион (Сочи)
Олимписки стадион „Фишт“ (руски: Олимпийский стадион «Фишт») — стадион сместен во Олимпискиот парк во Сочи, Русија. Именуван е по планината Фишт. Се наоѓа во близина на Олимпиското село и има сместивост од 40.000 гледачи.[1] Визијата за Олимпискиот стадион била на покривот од градбата да му даде изглед на снежни врвови, обезбедувајќи дека тоа е во хармонија со позадината на Имеретинската Низина и Кавказот. Стадионот ќе биде главниот објект за време на церемониите за отворање и затворање на Зимските олимписките игри, како и за време на Зимските параолимписки игри.[3][4]
Олимписки стадион (Сочи) | |
---|---|
Место | Сочи, Русија |
Координати | 43°24′08″N 39°57′22″E / 43.4022667° СГШ; 39.9561111° ИГД |
Отворен | 2013[1] |
Сопственик | Влада на Руската Федерација (Olympstroy) |
Цена на изградбата | УСА $779 милиони |
Архитект | Populous,[2] Buro Happold |
Игра | |
Гледачи | 47,659 (светски куп) 40,000 (по купот) |
Стадионот е проектиран од глобалните водачи за спортска архитектура Populous и британската консултантска компанија Buro Happold.
Ѕидовите и покривот на стадионот претставуваат една целина изградена од проѕирни поликарбонати. Подвижниот дел од покривот се отвора кон север, со што на гледачите им се овозможува непречен поглед на планинските врвови на Кавказот на исток и брегот на Црното Море на запад. Кога е отворен покривот, стадионот потсетува на отворена школка.
Трошоците за изградба на стадионот достигнале 778,7 милиони американски долари, кој бил отворен во 2013 година.[1] По Игрите, стадионот ќе служи како тренинг-центар и дел од објектите наменети за руската фудбалска репрезентација.[1] Стадионот „Фишт“ е еден од 11-те предвидени стадиони за одржување на натпреварите за време на Светското првенство во фудбал 2018.[5]
Во октомври 2013, Централната банка на Русија издала банкнота од 100 рубљи,[6] сто дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи. Сината банкнота осликува сноубордер во лет на едната страна, а на другата страна Олимпискиот стадион „Фишт“[7].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Fisht Olympic Stadium“. Sochi2014.com. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2014-02-07.
- ↑ Sochi 2014 Main Stadium Архивирано на 15 февруари 2010 г. architect: Populous
- ↑ Design for two major Sochi 2014 venues approved, sportbusiness.com, 19 април 2007
- ↑ Sochi2014.com Профил 29 септември 2010.
- ↑ FIFA Picks Cities for World Cup 2018, RIA Novosti, Москва, 29 септември 2012.
- ↑ Закарди, Ник (30 октомври 2013). „Руската централна банка издала специјална банкнота за Олимпијадата во Сочи“. NBC.
- ↑ „100 дена до Сочи 2014“. Populous. 31 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 2018-04-23. Посетено на 2014-02-07.
Надворешни врски
уреди- Изградба на Олимпискиот стадион Архивирано на 10 јуни 2013 г.