Перспектива
појаснителна страница
На оваа појаснителна страница се наведени статии — примероци кои се однесуваат на насловот Перспектива. Доколку овде ве доведе внатрешна врска, предлагаме да ја смените, за да води право на саканата статија. |
Зборот перспектива има барем три значења:
- Перспектива (визуелна) се однесува на дел од информацијата во визуелната сцена што му овозможува на набљудувачот да ги согледа растојанијата и величините на предметите. Специфични типови на перспектива во визуелна перцепција се линеарна перспектива, текстурно прелевање и воздушна перспектива.
- Перспектива (графичка) се однесува на графичка презентација на предметите на рамнинска површина при што се добива илузија дека предметите се во тридимензионален простор.
- Перспектива (когнитивна) се однесува на теорија на спознание во која изборот на контекст или повикување (или резултатот на овој избор) влијае на тоа како расудуваме, мериме и кодифицираме, типично во компарација со друга личност. Поединец може да препознае број на суптилно различни значења, блиски до точка на гледиште, Weltanschauung, и парадигма.
Клучната идеја што ги обединува овие типови на перспектива е дека човечкото искуство е тесно врзано со точката на гледиште на поединецот.