[go: nahoru, domu]

Симболизам

уметнички правец

Симболизам — уметнички и книжевен правец кој настанал во Франција кон крајот на 19 век како отфрлање на натурализмот и реализмот. Симболизмот имал свои почетоци уште од периодот на романтизмот, и траел и после 1900 година, кога се смета дека како правец изумрел.

Ла Вета, 1905 година, симболистичко дело на италијанскиот сликар Чезаре Сакаџи.
Ла Вета, 1905 година, симболистичко дело на италијанскиот сликар Чезаре Сакаџи.

Претставници

уреди

Во литературата главен претставник на симболизмот е Шарл Бодлер. Покрај него, тука се и германскиот поет и романописец Новалис, американскиот раскажувач и лиричар Едгар Алан По, француските романтичари Виктор Иго и Алфред Вињи.

Непосредни претходници на симболизмот се сметаат: Артур Рембо, Стефан Маларме, Верлен, кои се сметаат и за негови најдобри претставници, а Маларме и за најзначаен теоретичар.

Во Германија: Р.М. Рилке и Х. фон Хофманстал. Во Англија: Оскар Вајлд и В.Б. Јејтс. Во Русија: Валериј Брјусов, Андреј Бели, Вјачеслав Иванов, Александар Блок. Во Југославија: Јован Дучиќ, А. Г. Матош, Отон Жупанчич и други.

Во поезијата

уреди

Во основата на својата поетика симболистите ги ставиле теоретските ставови и поетската пракса на Шарл Бодлер: современ поет, син на големиот град, кој во својата сензибилност слегува до дното на човечкиот физички и морален пад, наоѓајќи го во темните длабочини на човечкото битие најголемото патење но и најголемата восхитеност, спој на несреќа и убавина („Ужасот на животот - екстазата на животот“).

Природата во своите појавни облици е само привидност (сон), а под тоа се крие вистинската суштина на нештата. Поетот е видовит пророк, кој во моменти на поетска интуиција ги открива тие суштини. Со „симбол“ се означува поетска слика која се прелева многу над своето основно значење, и дифузно сугерира многу идеи и емоции. Наспроти романтичарските барања за субјективност на поетскиот израз, симболизмот ја прогласува имперсоналноста (безличноста) како основна поетска инспирација.

Значење и влијание

уреди

Според српскиот поет Јован Дучиќ, симболизмот не бил ново духовно движење, туку само нов манир, само нов начин на говорење, но не и ново чувство. Оттука, многу брзо, тој бил целосно исцрпен и опаднал. Во симболизмот има многу големи грешки, неговата психологија е ненормална, неговите идеи и асоцијации се бизарни, неговите сензации се болни, неговото негирање на непосредното доживување е сосема погрешно, а неговата музика е само бесцелно преценување на споредните случаи. Затоа, тоа движење завршило во здодевност.[1]

Наводи

уреди
  1. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 280.

Надворешни врски

уреди
Викиизвор 
Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија: