Светска банка: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам tl:World Bank во tl:Bangkong Pandaigdig |
Rescuing 2 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.2 |
||
(Не се прикажани 42 меѓувремени преработки од 15 корисници) | |||
Ред 1:
'''Меѓународна банка за обнова и развој''' ([[англиски]]: ''International Bank of Reconstruction and Development, IBRD''), позната како '''Светска банка''' ([[англиски]]: ''The World Bank'') - меѓународна финансиска [[организација]].
==Историја==
Светската банка официјално била формирана на [[27 декември]] [[1945]] година, со седиште во [[Вашингтон]], [[САД]], откако биле ратификувани спогодбите постигнати на конференцијата во [[Бретон Вудс]] од [[1 јули]] до [[22 јули]] [[1944]] година. На нејзиното основачно собрание учествувале 44 шефови на влади од целиот свет.Првиот заем по отпочнувањето на нејзината работа, Светската банка го дала на [[Франција]], во износ од 250 милиони американски [[долар]]и.<ref>Abhijit Banerjee, "An evaluation of world bank research, 1998 – 2005", State University Chicago, September, 2006, p.87.</ref> Од 1968 до 1980 година, Банката била фокусирана на ублажување на [[сиромаштија]]та и задоволување на основните потреби на луѓето во [[Земја во развој|земјите во развој]]. Во овој период, големината и бројот на одобрените [[кредит]]и пораснал експоненцијално, а спектарот на целите се проширил од инфраструктура до социјалните услуги и другите сектори. Од 1976 до 1980 година, долгот на земјите од третиот свет се зголемувал со просечна годишна стапка од 20%.<ref>Michael A. Clemens, Michael Kremer, "The new role of the world bank", Center for Global Development, Washington, DC, USA, November, 2015, p. 61.</ref> Од 1989 до денес, политиката на Светската банка во голема мера се променила, главно како одговор на критиките на повеќето организации и групи. Организациите за животна средина и невладините организации се сега често интегрирани во кредитната активност на Банката чии проекти се фокусирани на инвестирање во заштитата на животната средина.<ref>Алекса Милојевиќ, ''Основи економије'', Економски факултет, Српско Сарајево, 2002, стр. 9.</ref>
==Цели на Светската банка==
Во времето на нејзиното основање, основната цел на Светската банка била финансирање на земјите разурнати од [[Втората светска војна]]. Во поново време, Светската банка ги наведува следниве пет клучни фактори за економски развој и создавање поттик за бизнис-средина:<ref>[http://www.economicsdiscussion.net/world-bank/world-bank-wb-origin-functions-objectives-and-critical-evaluation/11872 www.economicsdiscussion.net (пристапено 19.06.2019)]</ref>
* Развој на [[Човечки капитал|човечкиот капитал]]: зајакнување на владите и образование на владини претставници
* Создавање на инфраструктура: воведување на законодавен и судски систем со цел да се поттикне [[бизнис]]от, заштитата на поединечните и сопственичките права и почитувањето на договорите.
* Развој на [[Финансиски систем|финансискиот систем]]: воспоставување здрав финансиски систем, способен да го поддржи и финансирањето на микро-заемите и финансирањето на поголеми корпоративни деловни потфати.
* Борба против [[корупциј]]ата: поддршка на напорите на земјите за искоренување на корупцијата.
==Организациска структура на Светската банка==
Светската банка е организирана како група од пет меѓународни институции:
* Меѓународна банка за обнова и развој (ИБРД)
* [[Меѓународна асоцијација за развој]] (ИДА)
* [[Меѓународната финансиска корпорација]] (ИФЦ)
* [[Мултилатерална агенција за гаранција на инвестициите]] (MIGA)
* [[Меѓународен центар за решавање на инвестициони спорови]] (ICSID)
=== Меѓународната асоцијација за развој===
[[Меѓународна асоцијација за развој|Меѓународната асоцијација за развој]] е основана во 1960 година, како фонд со кој управува Светската банка. Затоа, само земјите кои се членки на Светската банка можат да бидат примени во членството на ИДА. ИДА има 159 членки. [[Кредит]]ите што ги одобрува ИДА се наменети за многу сиромашните земји во развој (чиј БДП по глава на жител е помал од 926 [[долар]]и.) кои не би биле во можност да ги искористат кредитите под условите под кои ги одобрува Светската банка. Кога била основана Светска банка, нејзината задача била да помогне во обновувањето на [[Европа]] по нејзиното уништување во [[Втората светска војна]]. По обновата на Европа, Светската банка се свртела кон [[Земји во развој|земјите во развој]], но во доцните 1950-ти години станало јасно дека најсиромашните земји не можат да позајмат [[капитал]] под условите на Светската банка. На иницијатива на [[САД]], група земји-членки се согласиле да основаат агенција која ќе дава заеми на многу сиромашните земји по многу поволни услови. Така била создадена ИДА. Според статутот на ИДА, постојат две категории на членство: Во првиот дел вклучува побогатите земји, а вториот дел ги вклучува земјите во развој.<ref>[http://ida.worldbank.org/about/what-is-ida Официјално мрежно место на ИДА (пристапено 19.06.2019)]</ref>
Заемите на ИДА се изземени од [[камата]], т.е. на нив се плаќа само годишна административна такса од 0,75%. Во просек, ИДА одобрува заеми во износ од 6 милијарди долари годишно, и тоа за различни проекти за развој, особено оние кои се однесуваат на основните човекови потреби. Највисок приоритет е даден на проектите со кои треба да се забрза развојот на [[земјоделство]]то, подобрување на [[образование]]то, зголемување на производството на [[електрична енергија]], проширување на телекомуникациска мрежа, модернизација на транспортниот систем и друга инфраструктура.
===Меѓународна финансиска корпорација ===
[[Меѓународна финансиска корпорација|ИФЦ]] e основана во 1956 година, како подружница на Светската банка, со цел да се поттикне [[Економски развој|економскиот развој]] преку [[инвестиции]] во приватниот сектор. Во 1989 година била формирана [[Советодавна служба за странски инвестиции|Советодавната служба за странски инвестиции]] (ФИАС) со цел да им помогне на земјите во развој во привлекувањето и промовирањето на [[Странски директни инвестиции|странските директни инвестиции]]. ИФЦ има статус на специјализирана агенција на [[ОН]] во групата на Светска банка. Сепак, ИФЦ е посебен правен субјект и нејзините средства се одвоени од Светската банка. ИФЦ има 174 земји-членки при што членството во оваа [[организација]] е условено од членство во ИБРД.
Корпоративното седиште е во Вашингтон. ИФЦ обезбедува:<ref>[https://www.ifc.org/wps/wcm/connect/a7e479804fa54e08ab3fef0098cb14b9/070228_IFC_Base_Prospectus.pdf?MOD=AJPERES Официјално место на ИФЦ (пристапено 19.06.2019)]</ref>
* средства за инвестирање во приватниот сектор во земјите во развој,
* мобилизирање на капитал на меѓународните [[финансиски пазари]],
* им помага на клиентите да ја подобрат социјалната и економската одржливост,
* техничка помош и
* советодавни услуги на владите и компаниите.
===Агенција за гаранција на инвестиции===
На иницијатива на претседателот на Светската банка, претставена на годишниот состанок во 1981 година, Светската банка подготвила нацрт на Конвенцијата за основање на Мултилатералната агенција за гарантирање на инвестициите, со цел да се поттикне движење од економскиот [[капитал]] до земјите во развој со издавање на [[Гаранција|гаранции]] од некомерцијални [[Ризик|ризици]] поврзани со [[инвестиции]]те. На 11 октомври 1985 година, Годишното собрание на Светската банка го одобрило текстот на Конвенцијата и го испратило за потпис од земјите-членки заинтересирани за [[МИГА]].
МИГА издава гаранции за комерцијални [[Ризик|ризици]], како што се: пренос на валути, експропријација, прекршување на договорот, воени и социјални немири итн. Досега, 141 земја се приклучиле на МИГА. Седиштето на МИГА е во [[Вашингтон]].
Земјите-членки се поделени во две категории: првата категорија ги вклучува развиените земји (21 земји), а во втората категорија се распоредени другите земји (земјите во развој). Најголем број [[Акција (финансии)|акции]] имаат САД 20.519 (20,5% од вкупниот капитал), па [[Јапонија]] со 5.095 акции, [[Германија]] со 5.071 акции [[Велика Британија]] и [[Франција]] имаат околу 4.860 акции, итн.
Некои од областите кои ги покрива МИГА на глобалниот пазар на [[осигурување]] на инвестициите се:<ref>[https://www.miga.org/sites/default/files/archive/Documents/MIGA%20Convention%20February%202016.pdf Официјално мрежно место на МИГА (пристапено 19.02.2019)]</ref>
* да го зголеми капацитетот на другите јавни и приватни агенции за осигурување од [[политички ризик]] преку коосигурување и [[реосигурување]];
* врши инвестициско осигурување во други земји, полиси за осигурување од страна на агенциите или владината политика исклучени од програмата;
* давање услуги на инвеститори кои немаат пристап до официјални агенции за осигурување од политички ризик.
===Меѓународен центар за инвестициски спорови===
Во 1965 година, во рамките на Групацијата на Светската банка бил формиран Меѓународниот центар за решавање на инвестициони спорови (ICSID), во чии рамки била воспоставена [[арбитража]] на споровите меѓу земјите-членки. Центарот е основан во согласност со Конвенцијата за решавање на инвестициски спорови помеѓу државите и граѓаните на други земји.
==Управување со Светската банка==
Претседателот на Светската банка истовремено е претседател на целата Групација на Светската банка. Претседателот е одговорен за одржување на состаноците на Одборот на директорите и за [[менаџмент]]от со банката. Мандатот на претседателот трае пет години и може да се обнови. Тој се избира со мандат од пет години со право на уште еден реизбор.<ref>[http://www.worldbank.org/en/about/leadership Официјално мрежно место на Светската банка (пристапено 19.06.2019)]</ref> Што се однесува до квалификациите, постои неформално правило дека претседателот секогаш треба да потекнува од [[банка]]рскиот сектор, но ова право низ историјата било прекршувано многупати. Традиционално, претседателот на Светската банка секогаш бил номиниран од [[САД]], како најголем [[Акционерско друштво|акционер]] во [[банка]]та.<ref>Hurlburt, Heather, „Why Jim Yong Kim would make a great World Bank president“, ''The Guardian'', 23 March 2012.</ref> Сепак, оваа традиција била нарушена со изборот на [[Џим Јонг Ким]] од [[Јужна Кореја]], кој во [[2016]] година по вторпат бил избран на оваа функција.<ref>„Џим Јонг Ким повторно претседател на Светска банка“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 220, октомври 2016, стр. 74.</ref>
Потпретседателите на банката се водечки [[менаџер]]и, одговорни за одделни региони, сектори, мрежи и функции. Банката има двајца извршни потпретседатели, три врвни потпретседатели и 24 потпретседатели. Одборот на директори се состои од претседателот на Групацијата на Светската банка и 25 извршни директори. Претседателот обично нема право на глас, но неговиот глас е одлучувачки при изедначеност во процесот на гласање. Од [[1 ноември]] [[2010]] година, бројот на извршни директори се зголемил од еден на 25.<ref>The World Bank, „Boards of Directors“, The World Bank Group.</ref>
==Активности на Светската банка==
Активностите на Светската банка се фокусирани на земјите во развој (од [[2000]] година, изразот кој се претпочита е „помалку развиени земји“). Светската банка е активна во следниве области:
* [[Земјоделство]] и [[рурален развој]]
* Конфликт и развој
* Активности ориентирани кон развој
* [[Економска политика]]
* [[Образование]]
* [[Енергија]]
* [[Заштита на животната средина]]
* [[Финансиски услуги|Финансиски сектор]]
* Родови разлики
* [[Менаџмент]]
* [[Здравје]], [[исхрана]], население
* [[Индустрија]]
* [[Информациски и комуникациски технологии|Информациски]] и комуникациски технологии
* [[Информации]], [[компјутер]]изација и [[телекомуникации]]
* [[Меѓународна економија]] и трговија
* Работа и [[социјална заштита]]
* [[Право]] и правда
* Макроекономски и [[економски развој]]
* [[Рударство]]
* [[Намалување на сиромаштијата]]
* [[Сиромаштија]]
* Приватен сектор
* Управување со јавниот сектор
* [[Рурален развој]]
* [[Социјален развој]]
* [[Социјална заштита]]
* [[Трговија]]
* [[Транспорт]]
* [[Урбанизација]]
* Водни ресурси
* Водоснабдување и санитарна заштита
Покрај финансиската поддршка на земјите-членки, Светската банка, исто така, обезбедува аналитички и советодавни услуги кои го олеснуваат воведувањето на одржлив економски и социјален напредок.
===Заеми на Светската банка===
Светската банка нуди два основни вида на заеми: заеми за инвестиции и заемми за развој. Првите се насочени кон поддршка на проектите за [[Економски развој|економски]] и социјален развој, додека други се обезбедени со брзи финансиски ресурси за поддршка на политиките на одредени земји и институционални реформи. Пред одобрувањето на заемот, предлозите за проектите за кои се бара заем се проценуваат од аспект на нивната економска, финансиска и социјална прифатливост, а влијанието врз животната средина се смета за важен аспект. Светската банка, исто така, одобрува заеми за олеснување на спроведувањето на развојните проекти преку промовирање на иновации, соработка меѓу организациите и учество на домашни акционери во овие проекти. Кредити одобрени од страна на Меѓународната организација за развој првенствено се користат за:
* Надоместување на долгот на најзадолжените и осиромашените земји
* Подобрување на здравствените услуги и водоснабдувањето
* Поддршка на програми за [[вакцинација]] и [[имунизација]] против [[преносливи болести]] (на пр., [[маларија]])
* Борба против [[епидемиј]]а на [[СИДА]]
* Поддршка на граѓанските организации
* Поддршка на иницијативи за проекти насочени кон намалување на концентрацијата на [[стакленички гасови]]
===Односите на Македонија со Светската банка===
[[Република Македонија]] стана членка на Светската банка во 1993 година и таа е дел од Холандската конституенца. Мисијата на Светска банка во Република Македонија се фокусира на поттикнување и поддршка за создавање нови работни места, како и на подобрување на стандардите за живеење преку спроведување и финансирање проекти, консултантски услуги и истражување во насока на градење капацитети, развој на човечки ресурси и инвестиции во инфраструктурата. Тековната помош од Светска банка се спроведува во согласност со приоритетите утврдени во Стратегијата за партнерство на Република Македонија со Светската банка за периодот 2015-2018 година.<ref name="finance.gov.mk">{{Наведена мрежна страница |url=https://finance.gov.mk/mk/node/308 |title=Министерство за финансии (пристапено на 16.9.2019) |accessdate=2019-09-11 |archive-date=2020-08-21 |archive-url=https://web.archive.org/web/20200821004552/https://finance.gov.mk/mk/node/308 |url-status=dead }}</ref> Согласно Стратегијата за партнерство на Република Македонија со Светска банка, помошта од оваа меѓународна институција се фокусира на следново:<ref name="finance.gov.mk"/>
* поддршка на земјата на нејзиниот пат кон [[Европската унија]],
* зајакнување на нејзината конкурентна способност и подобрување на макроекономското окружување,
* зајакнување на [[Економски раст|економскиот раст]] преку зголемување на вработеноста,
* зајакнување на системот на [[Социјална заштита|социјалната заштита]] и
* поддршка на инвестициите во обновливи извори на [[енергија]], кои ќе придонесат кон развој на значајни проекти во областа на енергетскиот сектор.
Поважни проекти финансирани од Светската банка во Македонија се:<ref>{{Наведена мрежна страница |url=https://finance.gov.mk/files/u1397/WB-%D0%BC%D0%BA_1.pdf |title=Министерство за финансии (пристапено на 16.9.2019) |accessdate=2019-09-11 |archive-date=2020-10-01 |archive-url=https://web.archive.org/web/20201001223327/https://www.finance.gov.mk/files/u1397/WB-%D0%BC%D0%BA_1.pdf |url-status=dead }}</ref>
* Проект за развој на вештини и иновации (2014 - 2019): реформи во високото образование, зајакнување на институционалните капацитети на [[универзитет]]ите, зајакнување на квалитетот на стручното образование и подобрување на иновацискиот капацитет на фирмите; вредноста на проектот е 17,7 мил. [[Евро|евра]]
* Проект за подобрување на општинските услуги (2009 - 2020): подобрување на [[транспарентност]]а, финансиската одржливост и испорака на целни општински услуги; вредноста на проектот е 18,9 мил. [[Евро|евра]]
* Проект за подобрување на општинските услуги - дополнително финансирање (2012 - 2020): подобрување на перформансите на урбаните економии и квалитетот на управувањето на општинско ниво преку обезбедување соодветна финансиска и советодавна поддршка на повеќе општини и нивните јавни [[претпријатија]]; вредноста на проектот е 37,2 мил. [[Евро|евра]]
* Втор проект за подобрување на општинските услуги (2016 - 2021): вредноста на проектот е 25 мил. [[Евро|евра]]
* Проект за рехабилитација на магистралните и регионалните [[пат]]ишта (2014 -2019): подобрување на поврзаноста на избраните магистрални и регионални патишта со Коридорот X и Коридорот VIII, како и подобрување на капацитетот на ЈП за државни патишта во однос на безбедноста на патиштата; вредноста на проектот е 52 мил. [[Евро|евра]]
* Проект за надградба и развој на патишта [[Ранковце]] – [[Крива Паланка]] (2015 - 2020): подобра транспортна поврзаност долж Коридорот 8, помеѓу [[Скопје]] и [[Деве Баир]] преку изградба на патниот правец Ранковце – Крива Паланка; вредноста на проектот е 83 мил. [[Евро|евра]]
==Критика на Светската банка==
Работата на Светската банка е предмет на долготрајни и силни критики од страна на голем број академици, а понекогаш и од сопствените евалуации на Банката. Таа била обвинувана дека „претставува американски или западноевропски алат за влијаење на економиите кои ги одржуваат западните интереси“ и покрај доказите дека реформите на политиките на слободниот пазар се често штетни за развојот на земјата доколку се лошо или пребрзо имплементирани, или пак по погрешен редослед, или пак во неконкурентна околина (на пример: многу слаби, неконкурентни економии).
== Наводи ==
{{наводи}}
== Надворешни врски ==
* [http://www.worldbank.org.mk/WBSITE/EXTERNAL/COUNTRIES/ECAEXT/MACEDONIAEXTN/0,,contentMDK:23100135~pagePK:141137~piPK:141127~theSitePK:304473,00.html Македонски портал на Светската банка] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20120809041243/http://www.worldbank.org.mk/WBSITE/EXTERNAL/COUNTRIES/ECAEXT/MACEDONIAEXTN/0,,contentMDK:23100135~pagePK:141137~piPK:141127~theSitePK:304473,00.html |date=2012-08-09 }} {{mk}}
* [http://www.worldbank.org/ Светска банка] - меѓународен портал {{en}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Светска банка]]
[[Категорија:Меѓународни финансиски организации]]
|