[go: nahoru, domu]

Светска банка

Преработка од 09:56, 18 септември 2017; направена од Kolega2357 (разговор | придонеси) (Робот: Автоматизирана замена на текст (-Втората Светска војна +Втората светска војна))

Меѓународна банка за обнова и развој (англиски: International Bank of Reconstruction and Development, IBRD), позната како Светска банка (англиски: The World Bank) - меѓународна финансиска организација.

Историја

Светската Банка била формирана на 27 декември, 1945 година, претставувајќи ратификација на спогодбите постигнати на конференцијата во Бретон Вудс од 1 јули до 22 јули, 1944 година.

Цели на Светската банка

Во времето на нејзиното основање, основната цел на Светската банка била финансирање на земјите разурнати од Втората светска војна. Денес, главната цел на Светската банка е борба против корупцијата преку финансирање на државите. Работата на Светската банка е регулирана преку исплата на пари од страна на земјите членки.

Структура на Светската банка

Управување со Светската банка

Претседателот на Светската банка истовремено е претседател на целата Групација на Светската банка. Претседателот е одговорен за одржување на состаноците на Одборот на директорите и за менаџментот со банката. Мандатот на претседателот трае пет години и може да се обнови. Повеќето од претседателите на Светската банка имале банкарско искуство, но постојат и такви кои немале. Традиционално, претседателот на Светската банка секогаш номиниран од страна на САД како најголем акционер во банката.[1] Сепак, оваа традиција била нарушена со изборот на Кореанецот Џим Јонг Ким, кој во 2016 година по вторпат бил избран на оваа функција.[2]
Потпретседателите на банката се водечки менаџери, одговорни за одделни региони, сектори, мрежи и функции. Банката има двајца извршни потпретседатели, три врвни потпретседатели, и 24 потпретседатели. Одборот на директори се состои од претседателот на Групацијата на Светската банка и 25 извршни директори. Претседателот обично нема право на глас, но неговиот глас е одлучувачки при изедначеност во процесот на гласање. Од 1 ноември 2010 година, бројот на извршни директори се зголемил од еден на 25.[3]

Активности на Светската банка

Моменталните активности на Светската банка се фокусирани на земјите во развој (од 2000 година, изразот кој се претпочита е „помалку развиена земја“), на полињата како: образование, земјоделство и индустрија. Таа обезбедува заеми на земји членки кои се во финансиска потешкотија. Наспроти тоа, Светската банка се залага и за преземање на политички мерки со цел ограничувањето на корупцијата и лажната демократија.

Односите на Македонија со Светската банка

Критика на Светската банка

Работата на Светската банка е предмет на долгостоечки и силен критицизам од страна на голем број академици, и понекогаш од сопствените евалуации на Банката. Таа била обвинувана за тоа што „претставува американски или западно-европски алат за влијаење на економиите кои ги одржуваат западните интереси“ и покрај доказите дека реформите на политиката поврзана за слободниот пазар се често штетни за развојот на земјата доколку се лошо или пребрзо имплементирани, или пак по погрешен редослед, или пак во некомпетентна околина (на пример: многу слаби, некомпетентни економии).

Наводи

  1. Hurlburt, Heather, „Why Jim Yong Kim would make a great World Bank president“, The Guardian, 23 March 2012.
  2. „Џим Јонг Ким повторно претседател на Светска банка“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 74.
  3. The World Bank, „Boards of Directors“, The World Bank Group.

Надворешни врски