Ризница:Местоположбеник

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Locator-tool and the translation is 86% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Locator-tool and have to be approved by a translation administrator.
Outdated translations are marked like this.
Locator-tool
2019 Coolest Tool Award Winner
in the category
Experience

Местоположбеник (Locator-tool) е алатка која ви помага во геокодирањето на постоечки слики на Ризницата, додавајќи {{Location}} или {{Object location}} во слики на Ризницата.

Алатката е дело на Simon04 (разговор), и сместена е во WMF Toolforge – locator-tool.

Алатка

Изглед во алатницата

За да го ставите Местоположбеник во вашиот алатник, овозможете го во нагодувањата за алатки.


Упатство

1. Појдете на Алатница — Местоположбеник (locator-tool) или, ако го имате активирано помагалото, стиснете на „Местоположбеник“ во алатникот.
2. Најавете се со копчето во горниот десен агол.
3. Дозволете ѝ на алатката да менува постоечки страници. Со ова ќе ѝ овозможите автоматски да внесува информации за {{Location}} или {{Object location}}.
4. Стиснете на Избери податотеки и укажете список на податотеки или категорија од која би се преземале.
5. Стиснете на Вчитај … за местоположување.
6. По основно, списокот ги наведува податотеките што немаат информации за {{Location}}. Стиснете на една.
Ако податотекава веќе има укажано {{Object location}}, полето за местоположба на предметот ќе се пополни со вклучените координати.
7. Изберете ја местоположбата од каратата. За местоположба на предмет, стиснете го и копчето  Shift.
8. Стиснете на зеленото копче десно од соодветното поле за внос. Ако сакате да ги тргнете додадените координати, стиснете на копчето x лево.
9. Местоположбата на апаратот или предметот ќе се зачува. За да се уверите дека е зачувана, погледајте во историјата на описната страница за податотеката.
Во чекорот 5, како алтернатива можете да стиснете „прикажи … на карта“ за да ви се прикажат сите податотеки на картата. Ова ќе ви помогне да ги забележите податотеките со неисправни или не сосема точни координати.

Преведување

Помогнете ни да ја преведеме алаткава на вашиот јазик: https://www.transifex.com/locator-tool/locator-tool/

Дневник на измени

  • 30 јуни 2020: Преселба на toolforge
  • 17 мај 2019: Заокружување на координати на 5 цифри [1]
  • 11 ноември 2018: Преселба на изворниот код на TypeScript
  • 11 март 2018: Добивање на {{Object location}} преку GeoData; одделни икони за {{Location}}/{{Object location}}
  • 13 мај 2017: Алатката доби своја икона:
  • 21 мај 2017: Прегледот на слики може да се зголемува
  • 21 мај 2017: Местоположбеник станува официјална алатка
  • 20 мај 2017: Отсега може да се влечат обележувачите
  • 14 мај 2017: Приказ на карта на избрани слики со координати
  • 26 февруари 2017: Прекопирање на координати
  • 2017-01-09: Додадена поддршка за {{Object location}}
  • 2016-12-31: Направена француска верзија на алатката
  • 2016-12-20: Направена германска верзија на алатката
  • 2016-05-18: Прва верзија (поддршка за уредување на {{Location}})