Сатира
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Книжевност |
---|
Основни облици
|
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Сатира — книжевна форма во која се критикува исмејува личност, група, држава или власт. Често се користи како средство на политичките борби. Сатирата ги разобличува општествените недостатоци, политичките страсти, човечките себичности, непромислености, мани и глупости, а со потсмев на духовит начин критикува, опоменува и казнува.[1][2] Додека хуморот забавува, ослободува и растеретува, сатирата со својата горчина придвижува и обврзува. Техниката на комичното преувеличување и употребата на карикатура и хипербола, е најмоќното уметничко средство на сатиричарот.
Директната спротивност и агресивната критична острина (од лат. збор invectivus), смешното дејство и фигура подразбира значења добиени од семантичка двосмисленост, произлегуваат од разликите на говорот и мислењето, а може да го разберат само оние кои се способни да го признаат контекстот на реалноста. За комичните илузии (стриповите) точно е кажано дека се „по својата природа 'транзиција' помеѓу(...) она што е експлицитно кажано и она што се подразбира, она што се кажува гласно и она што се шепоти“ - Владимир Јаковљевич Проп „Проблемите на комичноста и смеата“.
Оттука алузивната смеа произлегува од механизмот на очигледното недоразбирање и наивност, премолчено предвидување и разбирање на пораката. Сатиричката алузија во својата семантична основа содржи желба на дискрететн начин да исмее некој поединец,општествениот феномен и неправилност, а кога тоа е врз основа на непроверени, неточни или дволични мислења, на злонамерните претпоставки, сомневања, исто така се нарекува инсинуација.“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Corum (2002) p.163
- ↑ David Worcester (1968) The Art of Satire p.16