Од Википедија — слободната енциклопедија
Предлошка:Infobox Olympics Japan
Јапонија првпат учествувала на Олимписките игри во 1912 г., и оттогаш на речиси секоја олимпијада. Земјата не била поканета на олимпијадата во 1948 г. по Втората светска војна и учествувала во бојкотот на олимпијадата во Москва предводен од САД.
Во три прилики, земјата била домаќин на олимпијадите, а се планира и четврто домаќинување во 2020 г.:
Првите медали земјата ги освоила во 1920 г., а првите златни медали ги добиле во 1928 г. Досега јапонските спортисти имаат освоено 398 медали на Летните олимписки игри (освен уметничките натпревари на ЛОИ 1936), при што највеќе злато е освоено во џудо. Земјата има освоено 37 медали на Зимските олимписки игри.
Јапонскиот олимписки комитет е создаден во 1911 г., а добил официјално признание во 1912 г.
- *Црвената обраба значи дека турнирот е одржан дома.