Џејсон Гранџер
Џејсон Гранџер | |
---|---|
Позиција | плејмејкер |
Висина | 1,89 м |
Тежина | 91 кг |
Лига | АЦБ лига |
Клуб | Басконија |
Број | 15 |
Роден | 15 септември 1989 Монтевидео, Уругвај |
Националност | Уругвај Италија |
Драфт | 2011 / Не драфтуван |
Проф. кариера | 2007– |
Клубови | |
2007–2013 | Естудиантес |
2013-2015 | Уникаха Малага |
2015-2017 | Анадолу Ефес |
2017- | Басконија |
Репрезентација | |
Инфо од: 11.10.2017. |
Џејсон Антони Гранџер Амодио (роден на 15 септември 1989 во Монтевидео) е уругвајски кошаркар, плејмејкер на Басконија.
Тој има и италијанско државјанство.
Животопис
[уреди | уреди извор]Џејсон Гранџер е син на Џеф Гранџер, американски професионален кошаркар, роден во Њу Џерси, кој играл во уругвајската кошаркарска лига во раните 1980-ти. Тој станал уругвајски државјанин и играл за уругвајската кошаркарска репрезентација. Подоцна тој се иселил во Монтевидео, Уругвај, каде што Џејсон се родил.[1]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Младински категории
[уреди | уреди извор]Роден во Монтевидео, Уругвај, Гранџер играл за младинските категории на уругвајскиот клуб Атлетико Кордон.
Естудијантес
[уреди | уреди извор]Во декември 2005 година, Гранџер дошол на проби во шпанскиот тим Естудијантес, а подоцна во 2006 тој потпишал договор со нив, на возраст од само 16 години.[2]
Сепак, уругвајскиот клуб на Гранџер, Атлетико Кордон, побарал обесштетување, што значи дека Гранџер можел да игра само во аматерското 4-то ниво на шпанскиот кошаркарски лигашки систем, Лига ЕБА, за една и пол година, додека трибуналот на ФИБА го одлучувал случајот. Трибуналот конечно му доделил на уругвајскиот клуб компензација од 25.000 евра во 2007 година, при што Гранџер бил многу критикуван во однос на активностите спрема неговиот поранешен тим.[3][4]
Во текот на летото 2007 година, учествувал во американскиот камп Кошарка без граници, и бил избран за МВП на кампот.[5] Гранџер го направил своето деби во АЦБ лигата, првото ниво на шпанската кошарка, за време на сезоната 2007-2008.[2] За време на сезоната 2012-2013 тој имал просек од 11 бода и 3.4 асистенции по натпревар во шпанската АЦБ лига.[2]
Уникаха Малага
[уреди | уреди извор]Во јули 2013 Гранџер играл на Летната лига на НБА 2013, со екипата на Бостон Селтикс, запишувајќи 6 бода и 3.6 асистенции по натпревар, за околу 18 минути во просек по натпревар, во 5 натпревари.[6]
По истекот на неговиот договор со Естудијантес, тој потпишал со друг шпански клуб Уникаха Малага, подоцна истиот месец, откако нивната понуда неговиот поранешен клуб не можел да ја изедначи.[2] Во првата сезона во дресот на Уникаха одиграл 40 натпревари во шпанската лига со просек од 9.8 бода, 4.5 асистенции и 2.2 скока по натпревар. Исто така дебитирал во Евролигата каде на 24 натпревари имал просек од 7.5 бода, 3.4 асистенции и 2.1 скока по натпревар.
Во јули 2014 повторно учествувал во Летната лига на НБА овојпат со екипата на Кливленд Кавалирс, каде имал просек од 2.3 бода и 1 асистенција во просек по натпревар, во 4 одиграни натпревари.[7]
Грaнџер бил избран во тимот на шпанската АЦБ лига за сезоната 2014-15, откако бил избран како еден од двата најдобри бекови во лигата, заедно со Серхио Љуљ. Тој имал во просек 9.7 бода, 3.3 скока, 5.2 асистенции и 1.2 украдени топки по натпревар во регуларниот дел од сезоната во лигата. Тој, исто така, одиграл клучна улога на патот на неговиот тим до полуфиналето на плејофот каде биле елиминирани од Барселона со 3-2 во победи.[8][9]
Анадолу Ефес
[уреди | уреди извор]На 26 јуни 2015, Гранџер потпишал двегодишен договор со турската екипа Анадолу Ефес.[9][10] Во октомври 2015 со клубот го освоил Суперкупот на Турција со победа од 76-74 над Пинар Каршијака.
Басконија
[уреди | уреди извор]На 16 август 2017 година, Гранџер потпишал тригодишен договор со Басконија враќајќи се во шпанската АЦБ лига по две години пауза.[11]
Титули
[уреди | уреди извор]Анадолу Ефес
[уреди | уреди извор]- Суперкуп на Турција (1) : 2015
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „URU - Granger now in the mix“. FIBA. Madrid. 18 March 2013. Архивирано од изворникот на 2017-08-14. Посетено на 29 June 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Jayson Granger, tercer fichaje del Unicaja“ [Jayson Granger, third signing for Unicaja]. Baloncesto Málaga (шпански). 17 July 2013. Архивирано од изворникот на 1 July 2015. Посетено на 28 June 2015.
- ↑ „Decidieron quitarlo del plantel“ [They decide to remove him from the squad]. ESPN Deportes (шпански). EFE. 1 July 2009. Посетено на 28 June 2015.
- ↑ Lopez, Hector (13 November 2007). „Eurobasket news report (11/13/2007) - Estudiantes Madrid will have to pay 25.000 euros to sign Granger“. Eurobasket.com. Посетено на 28 June 2015.
- ↑ „Basketball without Borders Americas Day 4 Recap“. NBA. 7 August 2007. Посетено на 28 June 2015.
- ↑ „Jayson Granger #40 - Celtics“. NBA. Посетено на 28 June 2015.
- ↑ „2014 Summer League Player Profile - Jayson Granger“. NBA. Архивирано од изворникот на 2015-06-30. Посетено на 28 June 2015.
- ↑ „Mejor Quinteto de la Liga Endesa 2014-15“ [The best five of the 2014-15 Liga Endesa]. Liga ACB (шпански). 21 May 2015. Архивирано од изворникот на 2015-05-25. Посетено на 28 June 2015.
- ↑ 9,0 9,1 „Anadolu Efes Istanbul inks point guard Granger“. Euroleague. 26 June 2015. Посетено на 28 June 2015.
- ↑ „Jayson Granger Anadolu Efes'te...“. Anadolu Efes S.K. (турски). 26 June 2015. Посетено на 26 June 2015.
- ↑ „Jayson Granger, dirección y potencia física para Baskonia - Saski Baskonia“. Saski Baskonia (шпански). 16 August 2017. Посетено на 16 August 2017.