[go: nahoru, domu]

Прејди на содржината

Дебриште

Координати: 41°27′33″N 21°52′54″E / 41.45917° СГШ; 21.88167° ИГД / 41.45917; 21.88167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дебриште
Дебриште во рамките на Македонија
Дебриште
Местоположба на Дебриште во Македонија
Дебриште на карта

Карта

Координати 41°27′33″N 21°52′54″E / 41.45917° СГШ; 21.88167° ИГД / 41.45917; 21.88167
Регион  Вардарски
Општина Росоман
Население 43 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 11013
Надм. вис. 321 м
Дебриште на општинската карта

Атарот на Дебриште во рамките на општината
Дебриште на Ризницата

Дебриште — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 14 километри северозападно од Кавадарци и 11 километри јужно од општинскиот центар Росоман.

Историја

[уреди | уреди извор]

Дебриште е населено уште од римско време како место за вадење на мермер. За тоа сведочат рударската населба и двата мермерни копа во околината на селото.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948273—    
1953261−4.4%
1961256−1.9%
1971203−20.7%
1981173−14.8%
ГодинаНас.±%
1991116−32.9%
1994117+0.9%
200292−21.4%
202143−53.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дебриште живееле 270 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дебриште имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година селото имало 92 жители, од кои 91 Македонец и 1 Србин.[5]

Според пописот од 2021 година, во селото живееле 43 жители, од кои 37 Македонци и 6 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 270 160 273 261 256 203 173 116 117 92 43
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Дебриште е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Бубевци (7 к.), Колевци (3 к.), Шоклевци (3 к.), Нединци (1 к.) и Галевци (4 к.)
  • Доселеници: Трендевци (1 к.) доселени се во 1874 година од некое село Бизевиќ; Маслинковци (2 к.) доселени се во 1876 година од селото Росоман; Јованчевци (1 к.) доселени се од селото Трстеник во 1882 година; Лазовци (1 к.) доселени се од селото Ресава во 1884 година; Дафчевци (1 к.) доселени се од селото Бизевиќ во 1900 година.[11]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 719 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Извор — рудник за мермер од римско и доцноантичко време
  • Курилово — рудник за мермер од римско време
  • Под Селото — рударска населба од римско време

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Родени во Дебриште:

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 - 105.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 147-148. ISBN 9989-649-28-6.
  15. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.208

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]