Од Википедија — слободната енциклопедија
Диуретик е лек кој го зголемува степенот на уринирање и со тоа обезбедува присилна диуреза. Постојат повеќе групи на диуретици. Сите диуретици го зголемуваат исфрлањето на вода од телото, но секоја група го прави тоа на различен начин.
Диуретиците може да се поделат на:
- тиазидни диуретици
- диуретици кои штедат калиум
- осмотски диуретици
- инхибитори на јаглеродната анхидраза
До 1957 година, единствени ефикасни достапни диуретици биле интравенските и интрамускулни живини агенси, чија употреба била проблематична; нивната употреба била ограничена само на пациенти со срцева слабост.[1] Во 1937 и 1938, истражување за механизмот на ацидемија која ја предизвикуваат сулфонамидите покажало дека тие исто така имаат и диуретичен ефект, при што оралната диуретична терапија станала возможна.[1] Седум години подоцна, развојот на ацетазоламидот, инхибитор на јаглеродната анхидраза, помогнал да се разбере механизмот на ацидификацијата на урината и диурезата во бубрежните тубули.[1]