[go: nahoru, domu]

Прејди на содржината

Европа (филм од 1991)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Европа“ (Europa) – филм на режисерот Ларс фон Триер од 1991 година. Главните улоги ги играат: Барбара Сукова, Жан-Марк Бар, Еди Константин и Удо Кир. Филмот претставува последен дел од трилогијата „Европа“.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Леополд Кеслер, Американец со германско потекло (го игра Бар) веднаш по завршувањето на Втората светска војна доаѓа во окупираната Германија и се вработува како кондуктер во воз со вагони за спиење. Американецот сака да остане неутрален во пресметката со лојалистите која ја спроведуваат Сојузниците и сака да направи сè што може за да му помогне на измачениот народ. Него го заведува ќерката на сопственикот на железничката фирма, Катарина Хартман (ја игра Сукова) и набргу тој се вљубува во неа. Истовремено, американскиот полковник Харис (го игра Константин) го врбува Леополд да му доставува информации за активностите на германското движење на отпорот против сојузничката војска. Сопственикот на железничката фирма, Макс Хартман (го игра Ренберг) треба да докаже дека не соработувал со нацистичкиот режим, а во тоа му помага полковникот Харис, кој уценува еден Евреин да го потпише документот со кој се докажува невиноста на Хартман. Меѓутоа, господинот Хартман е свесен за својата улога за време на војната и извршува самоубиство. Катарина, пак, му кажува на Леополд дека порано била членка на движењето на отпорот, но дека повеќе не е поврзано со него. За време на едно патување, непознат човек му приоѓа на Леополд со молба да прими две деца во возот, а тие се учесници на движењето на отпорот и го убиваат новоназначениот градоначалник. Така, Леополд е вмешан во саботажите против сојузничката војска. На Божиќ, Леополд оди во Минхен, каде ја среќава Катарина и тие се венчаваат. Еден ден, движењето на отпорот му јавува на Леополд дека Катарина е заробена и го уценува да подметне експлозив во возот со цел да се уништи еден важен мост. Воден од желбата да ја спаси Катарина, Леополд го подметнува експлозивот, но се безуспешно се обидува да ги извести надлежните за тоа. Тогаш, полковникот Харис му соопштува дека е уапсена Катарина, која е активен учесник на отпорот против сојузничката војска. По разговорот со неа, Леополд го активира експлозивот. Додека возот тоне во реката, Леополд се обидува да излезе од вагонот, но не успева и така умира.

  1. Европа (пристапено на 17.4.2023)