Округот бил создаден од Кралството Прусија во 1885 година од Амт Витмунд, Амт Езенс и градот Езенс. Сите претходно биле дел од округот Аурих. Во 1977 година, округот бил споен со округот Фризија; меѓутоа, спојувањето било прогласено за неуставно во 1979 година поради нарушување на правата на поранешната Држава Олденбург на која Фризија припаѓал и поради тоа двата округа биле повторно основани во старите граници.
Бродот на грбот го претставува крајбрежјето на округот. Трите едра ги покажуваат хералдичките симболи за округот - предниот ја покажува мечката како симбол на семејството Атена од Езенс, кои владееле во XIV и XV век. Главното едро покжува две копја за турнири како симбол на херојот Омкен, преземени од грбот на градот Витмунд. Орелот на задното едро е за замокот и Амт Фридебург.