Успорник
Успорник или разговорно лежечки полицаец — препрека која се поставува на улиците за да се намали брзината на возилата на тоа место. Доколку не се намали брзината, возилото отскокнува, а може да дојде и до оштетување на истото.
Успорникот обично се поставува во близина на училишта, градинки или други објекти каде треба да се заштитат другите учесници во сообраќајот, особено пешаците.
Состав
[уреди | уреди извор]Овие препреки се изработуваат од разни материјали, вклучувајќи асфалт, бетон, пластика, метал или вулканизирана гума. Повеќе компромиси мора да се направат при изборот на материјал за изработка. Традиционално повеќето успорници биле изработувани од асфалт или бетон. Кај овие градби не може да се постигне добра прецизност, но се попостојани и имаат поголем ефект на успорување на сообраќајот заради тврдоста и истрајноста на материјалот.
Историја
[уреди | уреди извор]Прв успорник е забележан во Чатам (САД) во 1906 година.
Во Европа се смета дека првите успорници се имплементирани во 1970 година во Делфт во Холандија.
Недостатоци
[уреди | уреди извор]Забележани се повеќе недостатоци:
- Зголемено загадување заради поголемата потрошувачка
- Зголемена бука од самите успорници, но и од возењето под повисок број на вртежи
- Намалена интервентноста на возилата за итни интервенции
- Предизвикување на здравствени проблеми на ’рбетот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Успорник“ на Ризницата ? |
- Speed Hump
- Questions and Answers about Speed Humps
- City of Austin Speed Cushion Description
- UK Department for Transport Speed Cushion Description
- London Assembly, London's got the hump, April 2004. An examination of speed humps conducted by the London Assembly’s Transport Committee.
- Institute of Transportation Engineers Speed Table Description Архивирано на 29 јули 2017 г.
- Speed Humps Protect Children from Injury
- Speed Hump Description
|