Уставен суд на Македонија
Уставен суд на Македонија | |
---|---|
Основан | 15 март 1964 |
Надлежност | Македонија |
Местоположба | Скопје, Македонија |
Мрежно место | www.ustavensud.mk |
Од | 2024 |
Оваа статија е дел од темата |
Политиката на Македонија |
---|
Портал: „Политика“ |
Уставниот суд на Македонија е орган што ја штити уставноста и законитоста во Македонија. Составен е од девет судии избрани од Собранието на Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници. Уставниот суд избира претседател од своите редови за време од три години и без право на повторен избор.
Надлежности[уреди | уреди извор]
Уставниот суд на Република Македонија ги има следните надлежности:
- одлучува за согласноста на законите со Уставот;
- одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;
- ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;
- решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;
- решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;
- одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;
- одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и
- одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.
Историја[уреди | уреди извор]
Уставното судство во Македонија за првпат се востановува со Уставот на Социјалистичка Република Македонија од 1963 година, а започнува со работа на 15 февруари 1964 година.
Досегашни претседатели на Уставниот суд на Република Македонија биле:
- Перо Коробар 1963-1974
- Асен Групче 1974-1979
- Гога Николовски 1979-1984
- Владимир Митков 1984-1986
- Димче Козаров 1986-1987
- Фиданчо Стоев 1987-1989
- Јордан Арсов 1989-1994
- Јован Проевски 1994-1997
- Милан Недков 1997-2000
- Тодор Џунов 2000-2003
- Лилјана Ингилизова – Ристова 2003-2006
- Махмут Јусуфи 2006-2007
- Трендафил Ивановски 2007-2010
- Бранко Наумоски 2010-2013
- Елена Гошева 2013-2016
- Никола Ивановски 2016-2019
- Сали Мурати 2019-2021
- Добрила Кацарска 2021-2024
Прва жена уставен судија била Бранка Циривири - Антоновска, избрана за уставен судија во 1984 година, а прва жена претседател на Уставниот суд - Лилјана Ингилизова – Ристова, избрана за претседател во 2003 година.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална страница на Уставниот суд на Република Македонија
- Воислав Стојановски и др. „Уставниот суд во стегата меѓу политичките интереси и човековите права“, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, 2016.