[go: nahoru, domu]

Прејди на содржината

Esprit

Од Википедија — слободната енциклопедија
Esprit Holdings Limited
ВидЈавна
ISINBMG3122U1457 Уреди на Википодатоците
ДејностRetail
Основано1968 во Сан Франциско, САД
СедиштеGlobal Business Headquarters: Ратинген, Германија
Global Finance Headquarters: Хонгконг
Клучни личности
Роналд ван дер Вис, Executive Director and Group CEO
Фук Аун Чоу, Executive Director and Group CFO
Хајнц Јирген Крогнер-Корналик, Non-Executive Director and Chairman
ПроизводиApparel, Watches, Bedroom Furnishing
Вработени
15000
Мреж. местоwww.esprit.com
An Esprit store in the Scarborough Town Centre

Esprit Holdings Limited е јавно поседуван производител на облека, обувки, додатоци, накит и куќни производи под етикетата ЕСПРИТ (ESPRIT). Седиштето на компанијата е во Коулун,Хонгконг и Ратинген (во близина на Диселдорф), Германија.Во деловната 2007-2008 година, Esprit Holdings Limited во целиот свет генерираше продажба од околу 3.25 милијарди евра (почнувајќи од 30.06.2008). Esprit управува со повеќе од 770 продавници низ целиот свет и ги дистрибуира производите на повеќе од 15.150 големопродажни локации во целиот свет. Esprit има повеќе од 1,1 милион квадратни метри простор за малопродажба во 40 земји. Името на брендот ЕСПРИТ (ESPRIT) е лиценцирана од други производители. Покрај тоа групата е сопственик на козметичкиот бренд Црвената Земја (Red Earth).

Адмиралскиот брод на продавници на Есприт заедно со модните линии на Есприт и лиценцираните производи функционираат под едно раководство.Есприт има архитектонски оддел кој е одговорен за дизајнот на своите продавници низ целиот свет.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првaта заедничка модна линија основана од Сузи и Даг Томпкинс беше продавана од VW автобус и нивното седиште беше станот на Томпкинс во Сан Франциско. Сузи ја презеде креативната, а Даг Томпкинс финансиската улога во бизнисот.

Во 1978 година,Џон Касада го создал логото на Есприт.

Во 1980-та беше поткрената "Кампањата Вистински луѓе ", која беше снимена од фотографот Оливие Tоскани. Есприт беше во можност да вработува архитекти и дизајнери за нејзините проекти, почнувајќи со италијанецот Еторе Сотсас,кој го развил првото европско седиште на Есприт во Диселдорф.Тој го оформил севкупниот концепт на продавниците во стилот на модното движењето во Мемфис,како и на јазикот на брендот.

Дополнително беа вклучени архитектите и дизајнерите Алдо Цибик, Антонио Китерио,Норман Фостер и Шигери Ушида (Shigeru Uchida), кои ги дизајнирале водечките продавници во разни земји,од архитектурата до внатрешниот ентериер. Денес брендот ги надгледува новите случувања во областа на дизајнот и архитектурата.На пример,академијата ЕСПРИТ даде иницијатива за промовирање на талентирани креативни млади дизајнери,одржа натпревар во областа на архитектурата за дизајнирање на нов глобален изглед на сите ЕСПРИТ продавници.

Мајкл Јинг, се повлече од функцијата извршен директор во 2002 година, поднесе оставка и како претседател во 2006 година.

Линии на производи

[уреди | уреди извор]

ЕСПРИТ ги подели своите производи во организациски оддели кои дејствуваат како независни деловни единици.

  • Секојдневна женска облека – спортски и модерни стилови за дома и надвор
  • Секојдневна машка облека- спортска удобна облека со висок комфорт
  • Женска колекција- висококвалитетна, женствен бизнис изглед
  • Машка колекција- елегантен, модерно-ориентиран бизнис изглед
  • ЕСПРИТ УРБАН КЕЖУАЛ - млад,урбан и женствен, кој се однесува на женските потрошувачи од 18 до 25 год кои се во потрага по секојдневен урбан кежуал изглед
  • Есприт за деца- актуелни,ориентирани кон детските трендови (0 до 7 години)
  • Есприт спортска облека- облека за скијање,облека за фитнес,улична облека за жени,мажи и деца кои складно ги комбинираат модата и функцијата
  • Додатоци - чанти, кожени и текстилни додатоци за мажи и жени
  • Чевли – модерни и класични женски,машки и детски чевли од кожени до најлонски
  • Долна облека- дневна и ноќна долна облека,костуми за капење за мажи, жени и деца

Во 1998 година,беше основан ланец за млади EDC од ЕСПРИТ.Ланецот за девојки од 14 до 24 години истакнува 12 основни модни линии во годината. Врз основа на успехот и растот на edc од ЕСПРИТ , edc за мажи беше основана во 2002 година. Edc портофолието беше докомплетирано со сопствени обувки, додатоци и долна облека, како и edc лиценцирани производи.

  • Edc од ЕСПРИТ – екстра модерен тренд ги опфаќа девојките од 14 до 24 години
  • Edc мажи – космополитански трендови за млади, модерни момчиња со вкус за мода
  • Edc додатоци- модерни чанти, кожни и текстилни додатоци за девојки и момчиња
  • Edc чевли- чевли кои се совпаѓаат со трендовите на Edc од ЕСПРИТ и Edc за мажи
  • Edc долна облека- модерна долна облека за одреден изглед
  • Edc за млади од ЕСПРИТ- сосема нови стилови за младите бунтовници од 8 до 14 години.

Од 2007 година, Edc од ЕСПРИТ е независна марка со свој тим.

Од 1990 година, ЕСПРИТ започна проширување на низа лиценци.Повеќе од 30 носители на лиценците, вклучувајќи ги и Coty/Lancaster (парфеми) и Falke (чорапи и хулахопки). Под името “ЕСПРИТ часовници + накит ”, холдингот Егана лтд. произведува часовници и накит. Постојат планови за понатамошно проширување на лиценцирани бизниси низ целиот свет.

ЕСПРИТ е фокусиран на два сектори:ЕСПРИТ во домот со избор на мебел, теписи, тапети, осветлување, додатоци за домот,текстилни производи за во домот и ексклузивни бањи и детскиот свет кој вклучува од трудничка облека,играчки и детски колички до мебел за во забавиште.

Компанијата

[уреди | уреди извор]

Во деловната 2007-2008 година, Esprit Holdings Limited, објави светска продажба за 3.25 милијарди евра. Со акциите на Esprit Holdings Limited се тргувало на берзата во Хонгконг и се вклучени во Ханг Сенг индексот, MCSI индексот во Хонгконг, како и во FTSE сите светски индекси за Хонгконг, S&P/ HKEx LargeCap индексот и С&П Азија 50 индекс.

Групата управува со повеќе од 835 продавници за малопродажба низ целиот свет и ги дистрибуира своите производи во повеќе од 15.150 големопродажни локации низ светот. Компанијата има повеќе од 1,1 милиони квадратни метри продажен простор во повеќе од 40 земји. Нејзините акции се составен дел од следните пазарни индекси :

  • Ханг Сенг индексот
  • Морган Стенли MSCI Хонгконг
  • FTSE сите светски индекси за Хонгконг
  • С&П/ НКЕх LargeCap индексот
  • С&П Азија 50

Важни настани

[уреди | уреди извор]

Шеесеттите години

  • 1968 година, Сан Франциско : Сузи и Даг Томпкинс почнале да ја продаваат првата модна линија од багажникот на својот автомобил

Седумдесеттите години

  • 1971 година, Хонгконг:Групацијата ЕСПРИТ на далечниот исток е создадена кога Сузи и Даг Томпкинс се сретнале со Мајкл Јинг, поранешен претседател на групацијата и акционер на ЕСПРИТ.
  • Сан Франциско : Компанијата е основана и регистрирана под името Esprit de Corp.
  • 1976 година,Сан Франциско: За првпат, прометот на компанијата е над 100 милиони американски долари.Независни компании на ЕСПРИТ се основани во Германија и во Хонгконг.
  • Њујорк : Џон Касадо го дизајнира логото на сегашниот ЕСПРИТ со stencil букви

Осумдесеттите години

  • 1986 година,Келн: ЕСПРИТ ја отвора својата прва германска продавница во Келн
  • 1989 година, Сан Франциско : Јапонскиот издавач за уметност,Робундо го објавува “ЕСПРИТ,целосен принцип за дизајн”, корпоративен прирачник за дизајн

Деведесеттите години

  • 1993 година,Хонгконг :Esprit Holdings Ltd. е регистрирана на берзата во Хонгконг
  • 1995 година, Њујорк:Лиценци на ЕСПРИТ за очила,часовници,бања + постела, чорапи+ хулахопки
  • 1998 година, Диселдорф:Промоција на линијата за млади edc од ЕСПРИТ

Од 2000-тата до денес

  • 2000 година,Хонгконг:Акциите на Esprit Holdings Ltd се објавени во листата на индексот на Морган Стенли – Хонг
  • 2003 година,Њујорк: Esprit Holdings Ltd целосно ги купува назад американските права на брендот и има 100 проценти во власништвото на нивниот бренд во целиот свет
  • Диселдорф: Хајнц Крогнер е назначен за заменик претседател на Групацијата и главен извршен директор на Esprit Holdings Ltd. Глобалната стратегија за Азија, Австралија, Европа, Јужна Америка, САД и Канада е прифатена – на куп се соберени глобалните функции во големопродажбата, малопродажбата,лиценците, визуелноста,сликата и дизајнот
  • Ратинген: Компанијата го преселува седиштето на Global Business во Ратинген
  • 2004 година,Ратинген:Се одржува изложба во чест на Еторе Сотсас во седиштето на Global Business.Дизајнерот и основачот на стилот Мемфис,кој ги обликува дизајнот и архитектурата во сите продавници и салони на ЕСПРИТ низ целиот свет.
  • 2005 години,Лондон: ЕСПРИТ ја основа првата ЕСПРИТ академија за промоција на млади таленти од различни области.Со ова се започна соработката со Лондонската школа за мода.
  • Хонгконг: ЕСПРИТ го именува Томас Гроут за претседател на ЕСПРИТ брендот.
  • 2007 година,Хонгконг: Хајнц Крогнер е назначен за Претседател на Групацијата и главен извршен директор
  • Ратинген: edc од ЕСПРИТ станува независен бренд со независен тим и своја стратегија. Edc од Есприт е бренд на продавници кој ја презентита комплетната edc палета на производи
  • Берлин/Ратинген;MTV Networks International и edc од Есприт објавија широко партнерство со МТВ Европските Музички награди 2007 година
  • Берлин:Есприт ја спонзорираше изложбата на Обидинетите нации “Ловење на сонот”
  • 2008 година,Ратинген:Есприт ја лансираше новата линија de.corp ESPRIT URBAN CASUAL –млади,урбани и женствени
  • Од 2008 година, Индија: Есприт ја даде својата поддршка за семејните образовни проекти во Индија за СОС детското село.