[go: nahoru, domu]

Прејди на содржината

MGMT

Од Википедија — слободната енциклопедија
MGMT
Групата MGMT на Ошеага фестивалот во Монтреал во 2017
Животописни податоци
Познат(а) и какоThe Management
ПотеклоМидлтаун, Конектикат, САД
Жанрови
Период на активност2002–сега
Издавачи
Мреж. местоwhoismgmt.com
Членови

MGMT (македонска транскрипција: Ем-џи-ем-ти[1]) ― американска рок-група основана во 2002 година во Мидлтаун, Конектикат. Групата ја основале пејачите и мултиинструменталисти Ендрју Ван Вингарден и Бен Голдвасер. Покрај Ван Вингарден и Голдвасер на концертите во живо во MGMT моментално членуваат: тапанарот Вил Берман, басистот Сајмон Оконор и гитаристот и клавијатурист Џејмс Ричардсон.

Групата прво потпишала договор со издавачката куќа Cantora Records, а во 2006 година потпишале со Columbia и RED Ink.[2] [3] [4] Во 2007 година го издале нивниот прв албум Oracular Spectacular. По објавувањето на Oracular Spectacular, на групата ѝ се приклучиле Ричардсон, Берман и Метју Асти за да го снимат албумот Congratulations, кој бил издаден на 13 април 2010 година.[5] Во јануари 2011 година, тие започнале да работат на нивниот трет студиски албум под наслов MGMT. [6] Албумот бил објавен на 17 септември 2013 година.[7] Четвртиот студиски албум на групата, насловен како Little Dark Age, бил објавен во февруари 2018 година и по објавувањето го прекинале договорот со Columbia. По 2019 година, дуото почнало да продуцура музика независна од издавачка куќа, за прв пат по 2006 година. Кон крајот на 2019 година, дуото објавило нова песна насловена како „In the Afternoon“ како нивен прв целосно самопродуциран сингл.[8]

На 5 октомври 2007 година, списанието Spin ја прогласил групата MGMT за „Музичар на денот“.[9] Во ноември 2007 година, Rolling Stone ја ставил MGMT на списокот од топ-10 „Музичари на кои треба да се внимава“ во 2008 година,[10] а албумот Oracular Spectacular го ставил на 494 место на неговата топ-листа од 500 најдобри албуми на сите времиња. На 51-те Греми награди, ремиксот на „Electric Feel“ од групата Justice освоил Греми награда за најдобра ремиксирана некласична снимка.[11] Групата била номинирана за Греми награда за најдобар нов изведувач, а на 52-рото доделување на Греми наградите песната „Kids“ била номинирана за најдобра поп-изведба од дуо или група.[12]

Членови на групата

[уреди | уреди извор]
  • Ендрју ВанВингарден – главен вокал, главна и ритам-гитара, клавијатури, бас-гитара, тапани, удирачки инструменти (2004–денес)
  • Бенџамин Голдвасер – глас, клавијатури, семплинг, ритам-гитара, ударички инструменти (2004-денес)

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Oracular Spectacular (2007)
  • Congratulations (2010)
  • MGMT (2013)
  • Little Dark Age (2018)
  • Loss of Life (2024)
  1. „Once and for All: How Do You Pronounce MGMT?“. Vulture. July 10, 2008. We called the band's label, Columbia, and a publicist told us it's definitely pronounced "Em Gee Em Tee." This seems to be confirmed by this video, in which MGMT's Andrew VanWyngarden pronounces it that way.
  2. Ryzik, Melena (April 11, 2010). „MGMT's Sophomore Challenges“. The New York Times.
  3. Празен навод (help)
  4. Cristina Black (August 4, 2009). „The Wesleyan Mafia: MGMT, Boy Crisis, Amazing Baby – Page 1 – Music – New York“. Village Voice. Архивирано од изворникот на November 6, 2011. Посетено на August 6, 2011.
  5. Празен навод (help)
  6. „MGMT's ANDREW VANWYNGARDEN issues a vinyl shopping and coffee date invitation“. Coupdemainmagazine.com. February 28, 2011. Архивирано од изворникот на July 8, 2011. Посетено на August 6, 2011.
  7. Ingraham, Nathan (September 9, 2013). „MGMT's new album and bizarre video are available a week early on Rdio“. TheVerge. Посетено на September 9, 2013.
  8. „MGMT Goes Independent: Watch the New Video for 'In the Afternoon'. RockCellarMagazine (англиски). 2019-12-11. Посетено на 2020-03-12.
  9. Празен навод (help)
  10. Празен навод (help)
  11. „The 51st Annual Grammy Awards Winners List“. Grammy.com. Архивирано од изворникот на June 14, 2009.
  12. „Grammy nominations 2010 announced – Beyonce, Lady Gaga, MGMT shortlisted | News“. Nme.Com. December 3, 2009. Посетено на September 16, 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]