The Band
The Band | |
---|---|
The Band во 1969: (од лево кон десно) Мануел, Хадсон, Хелм, Робертсон, Данко | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Levon and the Hawks Canadian Squires The Crackers |
Потекло | Торонто, Онтарио, Канада |
Жанрови |
|
Период на активност | 1967 | –1977, 1983–1999
Издавачи | Capitol/EMI, Rhino, Warner Bros. |
Соработници | Рони Хокинс, Боб Дилан, Џон Сајмон, Ален Тусан, Cate Brothers, Ringo Starr & His All-Starr Band, Ван Морисон, The Weight Band |
The Band ― канадска рок група основана во Торонто во 1967 година. Составот на групата го сочинувале Канаѓаните Рик Данко (бас, гитара, вокал, виолина), Гарт Хадсон (оргули, клавијатури, хармоника, саксофон), Ричард Мануел (пијано, тапани, вокал), Роби Робертсон (гитара, текстописец, вокал) и Американецот Левон Хелм (тапани, вокал, мандолина, гитара). Музиката на The Band содржела елементи на американа, фолк, рок, џез, кантри и R&B, и влијаела врз музичари како: Џорџ Харисон, Елтон Џон, Грејтфул Дед, Ерик Клептон и Вилко.
Во периодот 1958 до 1963 година, членовите на The Band биле членови на групата Hawks, придружна група на рокабили пејачот Рони Хокинс. Левон Хелм се придружил на Hawks во 1957 година, а Робертсон, Данко и Мануел во раните 1960-ти. Во 1965 година, четворицата млади момчиња ја напуштиле групата за да снимаат своја музика. Од 1963 до 1965 година тие свиреле по клубови и барови под името „Levon and The Hawks“ и биле забележани од Боб Дилан. Тие го придружувале Дилан на неговата турнеја за промоција на албумот „Electric“ (1965-1966) и за „Basement Tapes“ во 1967 година. Откако го напуштиле Дилан и го промениле своето име во „The Band“, издале неколку плочи кои наишле на позитивни критики од критичарите и од јавноста. Нивен прв албум бил Music from Big Pink објавен во 1968 година. Според AllMusic, албумот имал значително влијание врз неколку генерации музичари: музичарот Роџер Вотерс за албумот Music from Big Pink рекол дека е втор највлијателен запис во историјата на рокенролот,[2] а музичкиот новинар Ал Ароновиц го нарекол „кантри-соул...звук кој претходно не е чуен“.[3] Нивни најпопуларни песни биле: „The Weight“, „The Night They Drove Old Dixie Down“ и „Up on Cripple Creek“.
По бројните турнеи и настапи во живо, глупата решила на 25 ноември 1976 година да го одржи својот проштален концерт. Видео снимката од концертот како концертен филм била објавена во 1978 година под наслов Последниот валцер, во режија на Мартин Скорсезе. Тоа бил последен настап на оригиналниот квинтет. По пет години, во 1983 година Данко, Хадсон, Хелм и Мануел повторно се обединиле (без Робертсон) за уште една турнеја. Робертсон започнал кариера како успешен продуцент и композитор на филмска музика. Мануел починал во 1986 година, но преостанатите тројца членови продолжиле со турнеи и до 1999 година повремено издавале нови албуми. По смртта на Данко во 1999 година, останатите членови решиле засекогаш да се разделат. Хелм продолжил со успешна соло кариера, и притоа освоил неколку Греми награди во фолк и американа категоријата. Тој починал во 2012 година. Хадсон започнал кариера како истакнат сесиски музичар. Робертсон починал во 2023 година, а Хадсон е единствениот жив член од оригиналната постава.
Музичкиот критичар Брус Едер ги опишал the Band како „една од најпопуларните и највлијателните рок групи во светот, нивната музика е прифатена од критичарите... онолку сериозно како и музиката на Битлси и Ролинг Стоунс“.[4] Групата во 1989 година била примена во Куќата на славата на канадската музика, а во 1994 година и во Куќата на славата на рокенролот.[5] [6] Во 2004 година, списанието Ролинг Стоун ги ставило на 50-то место на нивниот Список од 100 најдобри музичари на сите времиња,[7] а нивната песна „The Weight“ била рангирана на 41-во место на списокот од 500 најдобри песни на сите времиња.[8] Во 2008 година, групата ја добила наградата Греми за животно дело.[9] Во 2014 година, биле примени на Канадскиот булевар на славата.[10]
Членови
[уреди | уреди извор]- Рик Данко – бас гитара, вокал, гитара, контрабас, виолина (1965–1977, 1983–1999; неговата смрт)
- Левон Хелм – тапани, вокал, мандолина, гитара, перкусии, бас (1967–1977, 1983–1999; починал 2012)
- Гарт Хадсон – клавијатури, оргули, саксофон, хармоника, дрвени дувачки инструменти, лимени инструменти (1965–1977, 1983–1999)
- Ричард Мануел – пијано, тапани, оргули, вокал (1965–1977, 1983–1986; негова смрт)
- Роби Робертсон – гитари, вокал, перкусии, пијано (1965–1977; починал 2023 година)
- Џим Вајдер – гитара, придружен вокал, бас, мандолина (1985–1999)
- Стен Селест – клавијатури (1990–1991; негова смрт)
- Ренди Сиарланте – тапани, перкусии, вокал (1990–1999)
- Ричард Бел – клавијатури (1992–1999 година; починал во 2007 година)
Дискографија
[уреди | уреди извор]
|
Со Боб Дилан
|
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Voice of Youth Advocates. 8 (2-6. изд.). Scarecrow Press. 1985. стр. 153.
- ↑ Moon, Tom (June 1, 2018). „50 Years On, The Band's 'Music From Big Pink' Haunts Us Still“ (англиски). NPR. Посетено на December 10, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „The Band | Biography & History“. AllMusic.
- ↑ „Canadian Music Hall of Fame“. Carasonline.ca. Архивирано од изворникот на August 2, 2015. Посетено на January 4, 2014.
- ↑ „The Band“. Rockhall.com. Посетено на January 4, 2014.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Lifetime Achievement Award“. Grammy.com. Архивирано од изворникот на 2010-08-26. Посетено на December 28, 2008.
- ↑ „Canada's Walk of Fame“. Canada's Walk of Fame (англиски). Посетено на August 7, 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- The Band на Curlie (англиски)
- The Band – A Musical History, official site from Capitol Records
- The Band web site, extensive fan-operated site
- The Band discography at Discogs
- The Band — AllMusic (англиски)
- The Band на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- First article at thecanadianencyclopedia.ca
- Second article at thecanadianencyclopedia.ca
- Article at canadianbands.com
|